Иако, според најавата на Премиерот Заев , старо новиот владин кабинет да го објави вчера, тој го пролонгира за уште два дена. Утре попладне, е последната најава дека до Собранието ќе го достави предлогот со разрешените но и со новите имиња на министри во неговиот кабинет.
Како никогаш досега, имињата и на оние кои си одат и на оние кои ќе дојдат не се знаат. Дури и во телефонски разговори со самите нив , не откриваат дали се на премиерскиот список. Според некои информации се зборува дека можно е да има дури 8 смени, заедно со рокади на сектори, од кои три министри од СДСМ би биле заменети со нови.
Веќе познато е дека ќе има нов министер за земјоделие , на месото на Љупчо Николовски , кој ја доби довербата да биде наследник на Кирацовски на местото генерален секретар на СДСМ. За прв човек на земјоделие се споменува името на Гоце Георгиевски – земјоделски инженер.
На своите позиции повеќе од извесно е дека остануваат трите е министерки Шекеринска , Дескоска и Царовска, одбрана, правда и труд и социјала. Се најавува смена на Транспорт и Врски и на здравство – Сугаревски и Филипче. Оставка поради здравствени причини поднесе министерот за култура Асаф Адеми, за негов наследник се споменува името на Хисни Исмаили, професор на Медицинскиот факултет и кадар на Алтернатива на Африм Гаши, што предизвика реакции со ресорот култура да раководи медицинско лице.
За местото во Екологија повеќе од извесно е дека нов министер за животна средина и просторно планирање ќе биде поставен Насер Нуредини, кој ќе го замени досегашниот министер Садула Дураку.
Инаку како што објави ТВ 21 Нуредини е роден 1979 година, а се школувал на Универзитетот во Брајтон, Англија отсек „меѓународен бизнис“.
Садула Дураку треба да ротира во новиот ресор за политички систем, а Зоран Шапуриќ од ЛДП нема веќе да биде министер без ресор, туку ќе оди на друго работно место. Понуда за трансфер на нови работни позиции ќе има и за дел од другите министри.
Доколку расправата во Собранието за новиот владин тим почне во понеделник, најдоцна утредента, односно во вторник, ќе се гласа. Веднаш потоа, како што најави Заев, ќе следуваат промени во вториот и во третиот ешалон, со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.
ПОДГОТВИ: ЉУБИША ЦВЕТКОСКИ
The post Кој останува, а кој заминува? Најавена за вчера, но „министерската тајна“ ќе се открие утре appeared first on ТВ21.