Која е новата Мис Универзум? На почетокот на изборот, поради неа избувна огромен скандал, речиси беше исфрлена!

Нова Мис Универзум за 2025 година е Мис Мексико, Фатима Бош. Прва придружничка е Мис Тајланд, втората придружничка е Мис Венецуела, третата Мис Филипини, а четвртата придружничка е Мис Слоновата Обала.

Фатима Бош е 25-годишна мексиканска манекенка и кралица на убавината од Табаско. Титулата Мис Универзум Мексико ја понесе откако победи на изборот Мис Универзум Табаско. Таа студирала моден дизајн на Универзитетот Ибероамерикана во Мексико.

Според Gulf News, Фатима не криела дека се соочила со малтретирање поради дислексија и нарушување на хиперактивноста.

Нејзиниот настап на годинашниот избор веднаш бил обележан со скандал. Фатима ја напуштила подготовката откако еден од директорите на организацијата јавно ја прозвал.

Тајландскиот претприемач Науат Итсарагрисил пред останатите кандидатки ја прозвал Фатима поради непочитување на промотивните обврски, ја нарекол „глупа“ и побарал обезбедувањето да ја отстрани од настанот.

„Мексико, каде си?“ ѝ рече тој.

Кога Фатима застана, Итсарагрисил праша: „Слушнав дека не сте се согласиле да објавувате сè за Тајланд. Дали е тоа вистина?“ Во еден момент им порача на натпреварувачките: „Ако ги следите наредбите на вашиот национален директор, тогаш сте глупи.“

„Не ме почитувате како жена“, му одговори таа.

По тоа, тој повика обезбедување, што предизвика гласно негодување и извиците „не“ од останатите натпреварувачки.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како некои натпреварувачки, вклучувајќи ја и минатогодишната Мис Универзум, Данката Викторија Кјер Теилвиг, го напуштиле настанот во знак на протест.

Организацијата истиот ден објави видео во кое претседателот Раул Роча Канту остро ги осудува „злонамерните постапки“ на Итсарагрисил кон Бош. Итсарагрисил подоцна јавно се извини преку TikTok пренос во живо.

„Сакам да се извинам на сите. Ако некој не се чувствувал удобно или бил повреден, ми е жал. Немав поим колку голем ќе стане овој проблем“, изјави Итсарагрисил на прес-конференција, а подоцна се извини и пред натпреварувачките за време на изборот за вечерни фустани.

„Ја вративме девојката од Мексико во натпреварот. Таа требаше да биде отстранета, но се изборивме да ја вратиме и да ставиме крај на таа неправда. Сè што се случувало понатаму, немам врска, бидејќи ние сме зафатени со нашиот личен раст и промоција на нашата земја. Мене ми е важно дека девојката е вратена на своето место и дека сè поминало коректно“, изјави Лаура Гњатовиќ за Дневникот на Нова ТВ по скандалот.