КОЛАПСОТ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО САД СÈ УШТЕ ПРОДОЛЖУВА: Американските авиокомпании откажаа 1.200 летови поради затворањето на владата

Американските авио-компании денес откажаа речиси 1.200 летови, а откажувањата петти ден по ред надминаа 1.000 поради продолжувањето на блокадата на работата на федералната влада, односно поради недостаток на персонал во контрола на летови.

Намалувањето на бројот на летови денес се зголеми на шест проценти, а се планира да достигне осум проценти во четврток и 10 проценти во петок, пренесе „Ројтерс“.

Во понеделник беа откажани 2.900 летови, а 9.600 беа одложени, според податоците на сајтот за следење летови FlightAware.

Недостатокот на персонал во контрола на летови значително се подобрил денес, по повеќе од дваесет проблеми во понеделник, изјавиле официјални лица на една авио-компанија за „Ројтерс“.

FAA соопшти дека денес бил пријавен само еден проблем со персоналот.

Владата воведе задолжително намалување на бројот на летови за да се решат безбедносните проблеми, а Федералната управа за воздухопловство (FAA) минатата недела им нареди на авио-компаниите да го намалат бројот на летови за четири проценти на дневно ниво, почнувајќи од 7 ноември, на 40 главни аеродроми поради проблеми со персоналот во контрола на летови.

Авио-компаниите и FAA се во преговори за тоа кога и како ќе се спроведува намалувањето на бројот на летови и како на крајот ќе се укине, додека рекордната 42-дневна блокада на работата на владата се ближи кон крајот.

Американскиот Сенат вчера вечерта гласа за усвојување закон со кој се прекинува блокадата и се финансира владата до 30 јануари.

Претставничкиот дом на Конгресот ќе расправа за тоа во среда.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник закани дека ќе ја намали платата на секој контролор на летови кој нема да се врати на работа и дека ќе поздрави откази за работниците кои нема да се појават на работа.

Поради блокадата на работата на владата, 13.000 контролори на летови и 50.000 агенти на Администрацијата за безбедност на транспортот работат без плата.

Десетици илјади летови се откажани или одложени од 1 октомври, кога започна блокадата.