Колинда се јави од Дубаи со фотографија во виолетова тоалета

Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ се огласи на својот Инстаграм профил од Дубаи, каде присуствуваше на панелот ЕКСПО.

“Последниот ден од ЕКСПО во Дубаи. Хрватска станува се попрепознатлива. Честитки за златните медали. Секогаш велам дека хрватското маслиново масло е најдоброто во светот”, напиша таа.

 

Таа објави фотографија на која позира во тесен виолетов фустан пред Музејот на иднината и ја покажа својата витка линија и доби бројни комплименти од следбениците.

„Никогаш поубава претседателка“, ѝ рекол коментатор.

„Елегантно“, „Каква убавина“, „Едноставно совршено“, беа низа ласкави коментари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното