Колку чини најскапиот хамбургер во светот?

Најскапиот хамбургер во светот се состои од јапонско телешко месо, кавијар, месо од кралска краба, бел тартуф, а чини неверојатни 6.000 долари.

Овој хамбургер е направен од холандскиот угостител Робер фан де Фен кој сакал да го надмине рекордот во цената кој го држел еден ресторан од американската држава Орегон.

Тој рекорд, сепак, се однесувал на тежината (350 килограми), а Холанжанецот се решил да направи најскап хамбургер и тоа за едно лице.

Најскапиот хамбургер е направен со лепчиња потопени во шампанско „Дом перињон“, и се состои од јапонско телешко ,есо, кавијар, чедар сирење со тартуфи, сос за скара направен од најскапото кафе во светот и мајонез од јајца од патка.

Неговиот пронаоѓач кажува дека иако е скап, се јаде исклучиво со раце.

Еве како изгледа неговата подготовка: