Македонија

Колку чини правдата во Македонија? 90 милиони денари буџетски трошоци за 26 000 спорови

Во Скопје правдата е најскапа. За да се почне спор со мала вредност судските трошоци би биле над   55% од просечната плата , додека  во   Штип и Гостивар  трошокот е   само 15 % . Од една страна трошоците на судот се околу  57 милиони денари, а вкупниот приход од спорови со мала вредност е  56 милиони денари .  Центарот за правни истражувања и анализи ова го прави за поголема транспарентност на судовите.  Во истражувањето биле  вклучени 26 судови од земјава, освен судот во Дебар, бидејќи немале спорови од мала вредност.

„За вклупно решени 26 000 спорови се проценува дека буџетските трошоци изнесувале 90 милиони  денари“, изјави Ивица Пеповски – правен експерт.

Од Министерство за правда по поднесена иницијатива и консултација со судии за годинава најавуваат измена на законот за парнична постапка.

„Имаше иницијатива да ги испитаме можностите за измена на  Законот за парнична постапка во насока на утврдување на максимален број на одложување на  рочишта. Одржавме состаноци со претставници на Основниот суд Скопје 2 и побаравме мислење“, изјави Љубица Караманди Попческа – советник во министерството за правда.

Најбројни се граѓанските спорови 75%, а најмалку стопанските. Просечната вредност на споровите со мала вредност изнесува 90 илјади денари, во ЕУ 2000 евра, а во Германија 5000 евра.

РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни