Колку е скапо во Скопје? Главниот град поевтин од Тирана и Белград, поскап од Приштина

Швајцарскиот град Женева има највисок резултат на вкупните трошоци на живот за првата половина од оваа година. Цирих е на второто, а Њујорк на третото место.

На листата која вклучува 218 градови, Скопје е на 160 место според трошоците за живот.

Нашиот главен град е поевтин од Тирана (114 место) и од Белград (127 место), како и од Софија, Подгорица, Анкара, Сараево.

Приштина и Ниш се поевтини од Скопје, и се наоѓаат на 195 место и 165 место.

Атина е на 91 место на листата, додека Љубљана 96, Загреб 107.