Колку пари се фрлени во Фонтана ди Треви?

Легендата вели дека ако сакате да се вратите во Рим треба да фрлитепаричка во Фонтана ди Треви, свртени со грб, фрлајќи со десната рака преку левото рамо. Туристите тоа го прават редовно, па дното на фонтаната станува вистинско богатство.

Туристите лани фрлиле парички во вредност од 1,5 милиони долари во Фонтана ди Треви во Рим, објави Каритас, хуманитарната организација на Католичката црква што ги користи парите фрлени во фонтаната.

По едногодишно реновирање, славната римска знаменитост од 18. век повторно беше отворена во 2015 година.

Според легендата, тој што ќе фрли паричка во Фонтана ди Треви ќе се врати пак во Вечниот град.

Трите најзастапени валути извлечени од фонтаната се евра, американски долари и јапонски јени.

Паричките не се единственото нешто најдено на дното на фонтаната, претходно на пример, беа најдени две забни протези.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното