Колумбиската влада прогласи вонредна состојба на национално ниво доцна во средата поради зголемување на случаите на жолта треска.
Од почетокот на минатата година, епидемијата резултираше со 74 потврдени случаи на инфекција и 34 смртни случаи, изјави министерот за здравство Гиљермо Алфонсо Јарамило, пренесува Ројтерс.
Јарамило рече дека најкритична е ситуацијата во Толима, во централно-западна Колумбија, каде што се откриени 22 случаи.
СЛЕДЕТЕ НЕ: