Американскиот комичар Енди Дик потврди дека е во добра состојба по појавата на интернет на видеозапис кој ги загрижи неговите обожаватели. На снимката се гледа 59-годишниот Дик како неподвижно лежи на скалите во Холивуд.
Драма на улиците на Холивуд
Снимката, која стана вирална, првично ја објави порталот TMZ. Според сведочењата на очевидци, пријателите на Дик трчале до него обидувајќи се да го оживеат, викајќи му да се разбуди и повикувајќи итна помош. На снимката се слуша и како едно лице бара Narcan – лек кој може да спаси личност од предозирање со хероин, фентанил или други опиоиди. Се чини дека лекот бил применет на лице место.
Andy Dick Suffers Apparent Overdose in Hollywood, LAPD Responds https://t.co/Qthuzh0w0Z pic.twitter.com/SBttri9zhm
— TMZ (@TMZ) December 10, 2025
Се огласи и комичарот
Противпожарната служба на Лос Анџелес потврди дека итните служби реагирале по повик поради предозирање на 59-годишен маж, но тој на крајот не бил пренесен во болница. Дик подоцна изјави за медиумите дека е „жив и дека му е олеснето што е добро“, но не сакаше да зборува подетално за тоа што се случило.
Долга историја на проблеми со законот
Овој инцидент е само последен во низата проблеми за комичарот. Пред две години беше уапсен во Lake Elsinore, Калифорнија, по пријава за лице под влијание на алкохол.
Дик исто така морал да се регистрира како сексуален престапник поради осудата во 2018 година за не соодветно допирање на возач на Uber. Претходно бил уапсен и поради обвинувања за кражба во Santa Barbara, а во мај 2022 бил уапсен под сомнение за сексуален напад за време на пренос во живо на YouTube.