Комичарот Зеленски го „прегази“ Порошенко: Глумеше претседател на Украина, сега стана вистински!

Популарниот телевизиски комичари Володомир Зеленски е новиот претседател на Украина. Тој на вчерашниот втор круг претседателски избори го „прегази“ актуелниот шеф на државата Петро Порошенко. Зеленски освои повеќе ов 73% од гласовите, а Порошенко доби само 25%.

Интересно е тоа што Зеленски го глумеше претседателот Порошенко, неговата кампања беше интересна, и на крајот стана вистински претседател на државата. Зеленски, кој нема никакво политичко исксутво, го порази Порошенко кој е на функцијата од 2014 година.

Зеленски вети борба против корупцијата, и вети дека ќе ги ослободи заробените морнари на Крим.

Еден од првите кој му честиташе на Зеленски беше претседателот на САД Доналд Трамп.

 

The post Комичарот Зеленски го „прегази“ Порошенко: Глумеше претседател на Украина, сега стана вистински! appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното