Македонија

Комисијата за заразни болести со предлог да се укине задолжителното носење маска во затворено

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски денеска на прес конференција посочи дека на денешниот состанок на Комисијата е разгледана епидемиолошката состојба во земјава и заклучиле дека моменталните услови им овозможуваат да ги намалат рестриктивните мерки.

Тој додаде дека предложиле мерка укинување на носење заштитна маска во затворен простор.

Како што посочи, од оваа мерка исклучок се здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни