Македонија

Компанијата „Еуросиг“ ќе исплати оштета од над 800 илјади евра за несреќата кај Ласкарци

Осигурителната компанија „Еуросиг“ ќе треба да исплати отштета од над 800 илјади евра за сообраќајката кај Ласкарци.

Ова ќе биде максимална исплата за штета предизвикана од автобус, односно максималниот износ по еден осигурителен случај најверојатно ќе изнесува 675 илјади евра, соопшти претседатлот на Советот за експерти на Агенцијата за супервизија за осигурување, Климе Попоски.

Тој додаде дека дополнително по основ на полиса за патници во јавен превоз може да бидат исплатени 200 илјади евра, така што е предвидено 4.500 евра по смртен случај, 9.000 евра за траен инвалидитет и 2.000 евра за повреди и лекување.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни