Живот

Компанијата им плаќа по 900 евра на оние кои ќе си го местат креветот секој ден еден месец

Компанијата им плаќа по 900 евра на оние кои ќе си го местат креветот секој ден еден месец

Местењето на креветот не е многу омилена работа за многу луѓе. Бренд за накит Шејн Ко започна натпревар за местење кревети, во кој на победникот ќе му бидат доделени 1.000 долари (околу 900 евра), а се што треба да направат е да го средуваат креветот 30 дена.

Бренд истакна дека студиите покажале дека едноставното местење на креветот може да го намали стресот и да го подобри вашето утро.

„Има ли нешто подобро од тоа да одвоите момент за да создадете простор што предизвикува радост и организација“, гласи нивната најава за конкурс.

Поточно, тие бараат учесници кои редовно не го местат својот кревет за да документираат како завршувањето на оваа рутина влијае на нивната продуктивност и општиот секојдневен живот. Откако учесникот ќе го заврши овој едномесечен предизвик, ќе ја добие својата финансиска награда.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни