Македонија

КОНЕЧНО: Копанки на Пелистер станува реалност! Проектот кој беше во програмата на Поинаку

„Копанки е на сите и ќе биде за сите Нас“, вака најава испратија од независната група во Советот на Општина Битола – „Поинаку“.

„Она што неодамна го ветивме, од денес започнува да се реализира. Денес сме тука за да најавиме дека Копанки ќе се реконструира во првата година од формирањето на советот, односно во буџетот на Општина Битола за 2022 година се предвидени средства за обновување на Планинарскиот дом Копанки.Проектот кој беше само во програмата на Поинаку и за кое решавање се залагавме во Советот, од денес станува реалност“, вели Иван Чулаковски еден од тројцата советници кои ги има „Поинаку“ во Советот на Општина Битола.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни