Kонечно покажа од кого ја наследила убавината и харизмата: Запознајте ги родителите на Шакира

Талентираната музичка ѕвезда Шакира е горда на своите корени од Колумбија и Либан, а нејзините родители Нидија дел Кармен Рипол Торадо и Вилијам Мебарак Шадид отсекогаш и биле најголема поддршка и ветар во грбот.

Шакира им се заблагодарува за планетарниот успех и самодовербата во која ужива денес.

Пејачката ја искористи можноста за време на роденденот на нејзиниот татко Вилијам да сподели семејна фотографија и на тој начин да покаже колку и значат.

Таткото на Шакира наполни 90 години пред шест дена, а таа истакна дека во него гледа вистински пријател и свој лик, додека привлекува неверојатна убавина и женственост кај нејзината мајка.

Пејачката има уште шест браќа и сестри со кои е многу блиска.