Македонија

Конгрес на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари единствен кандидат за претседател

Конгрес на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари единствен кандидат за претседател

Партијата Алијанса за Албанците (АА) денеска во Центарот за култура во Тетово ќе одржи вонреден Конгрес, на кој треба да биде избран нов претседател на партијата. Единствен кандидат за функцијата е досегашниот потпретседател и вршител на должноста партиски претседател д-р Арбен Таравари.

Третиот конгрес ќе се одржи во два дела: свечен со учество на гости и отворен за медиуми и работен дел, што ќе биде затворен, a во него ќе учествуваат само делегатите.

Потсетуваме дека на 21 август 2022 поради неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово дотогашниот претседател на АА, Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка на функцијата партиски лидер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни