Констракта за инфлуенсерите: 5000 евра за една објава, тоа е навредливо за луѓето кои работат од 9 до 17!

Ана Ѓуриќ Констракта откако победи на натпреварот за Евровизија доби бројни понуди за спонзорства.

Сепак, како што рече во подкастот 100 Minutes of Noise, не е секогаш задоволна од тие понуди.

Таа вели дека не е добро тоа.

„Не ми е добро. Ќе наплаќам за мојот лик и дело, океј, ајде. Ама зошто би земала 5000 евра за еден пост? Сметам дека е навредливо за луѓето кои седат еден месец од девет до пет и работат некоја одговорна работа. Не сакам да учествувам во тоа“, рече Констракта.

Сепак, многумина се на мислење дека таа треба да ги земе парите доколку и се понудат, пренесува City Magazine.

Инаку, Конструкта го освои петтото место во финалето на Евровизија, што е најдобар резултат на Србија во претходните 10 години.