Breaking Немало итни излези во случај на пожар во барот во Бангкок каде загинаа 27 лица, а 63 повредени од кои 22 се во критична состојба, рече премиерот
4NEWS.mk

Конзерваторскиот Центар Гостивар годинава ќе реализира уште пет проекти

Националната установа Конзерваторски центар Гостивар до крајот на оваа година ќе реализира пет проекти за заштита на културното и историско наследство.

Во рамки на кампањата „Да ја изградиме иднината со зачувување на минатото“ која е дел од годишната програма на установата предвидени се зафати на постари религиозни објекти на територијата на Општина Гостивар и евидентирање на традиционални куќи во Горна Река.

Првиот човек на НУ Конзерваторски центар Гостивар, Улбер Зулфиќари смета дека постојат реални шанси за реализација пет проекти.

– Морам да искажам задоволство од соработката со Министерството за култура. Бирократските процедури кои малку ни ја отежнуваат работата, се во завршна фаза, по што очекувам да ја поминат стручната комисија и да бидат објавени тендерите. Вкупната сума за нивната реализација надминува четири милиони денари, вели Зулфиќари.

Со проектите предвидено е обновување на покривот на старата џамија во селото Симница, старата џамија во село Равен, поправки на покривот на Беговата куќа и замена на прозорците и реновирање на портата кај Саат Џамијата. Центарот ќе исработи и проект за заштита и конзервација на фреските и иконите во црквата Св. Димитрија и евиденција на типични традиционални куќи во селото Бродец во регионот на Горна Река.

Летово оваа установа започна работите на „Ѓоновичко Кале“ што по повеќе децении претставува прво архелошоко истражување, а неодамна завршија реставраторските интервенции за санација на покривот на црквата Св. Димитрија во Гостивар и реставрацијата на фасадата на медресата.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни