Корисници на Фејсбук, ова мора да го видите: Мета исплаќа милиони!

По повеќегодишни парници и глобален скандал кој ја раздрма довербата во социјалните мрежи, компанијата Meta започнува со исплата на огромна нагодба вредна 725 милиони долари. Оваа сума е наменета за корисниците на Facebook во САД кои биле погодени од незаконско споделување на приватни податоци со компанијата Cambridge Analytica.

Исплатите започнуваат откако американскиот суд на 27 август 2025 година даде зелено светло, а процесот на распределба на парите ќе трае околу десет недели. Во игра се околу 18 милиони корисници чиј барања за надоместок биле проверени и потврдени како валидни.

Кој има право на исплата и колку точно добива?

Право на надоместок имаа сите корисници кои имале активен Facebook профил во периодот од 24 мај 2007 до 22 декември 2022 година. Пријавите беа затворени на 25 август 2023, а пристигнаа скоро 29 милиони барања, од кои 18 милиони беа верификувани и прифатени.

Вкупно околу 540 милиони долари од нагодбата ќе бидат распределени меѓу овие корисници. Износот што секој корисник ќе го добие зависи од времетраењето на користење на платформата во наведениот период; за секој месец активен профил се доделува по еден „алокациски поен“. Повеќе поени значи поголем удел во вкупната сума.

Каде ќе стигнат парите и што ако не успее трансакцијата?

Парите ќе им бидат исплаќани директно на банките, преку PayPal, Venmo, Zelle или преку виртуелна prepaid Mastercard картичка. Процесот е дигитализиран за да им биде полесно на корисниците и да се избегнат дополнителни компликации.

Доколку трансакциите не успеат или податоците на корисниците се застарени, Meta ќе испрати дополнителни е-пораки со инструкции за ажурирање на информациите. Целта е што поголем број корисници да го добијат она што им припаѓа, без дополнително одложување.

Скандалот кој го предизвика целиот процес

Целата правна сага започна во 2018 година кога беше откриено дека британската компанија Cambridge Analytica имала пристап до приватните податоци на околу 87 милиони корисници на Facebook. Податоците биле користени, меѓу другото, за политичко профилирање за време на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година.

Иако Meta, тогаш уште како Facebook Inc., не ја призна правната одговорност, скандалот предизвика огромна бура во јавноста и отвори прашања за одговорноста на технолошките гиганти кога станува збор за заштита на приватноста на корисниците.

Што се менува по нагодбата?

Откако приказната излезе во јавноста, Meta беше принудена да воведе сериозни промени во начинот на кој ракува со корисничките податоци. Ограничен е пристапот на трети страни, воведени се нови безбедносни контроли, а корисниците добија појасни алатки за управување со приватноста.

Иако парите од нагодбата не можат да ја поништат штетата што веќе е направена, овој правен преседан поставува стандарди за идни случаи и испраќа порака дека ниту најголемите компании не се над законот кога станува збор за заштита на лични податоци.