Бројот на загинати во пукањето во училиштето број 88 во Ижевск, во руската република Удмуртија, се искачи на 13, соопшти Истражниот комитет, а меѓу жртвите на нападот има седум деца.
„Уште 14 деца и седум возрасни се ранети“, се вели во соопштението.
Претседателот на Удмуртија, Александар Бречалов соопшти дека непознато лице влегло во училиштето и убило чувар.
„Напаѓачот се самоуби. Носел црна маица со нацистички симболи и фантомска јакна. Немал никакви документи, во моментов се утврдува неговиот идентитет“, соопшти Рускиот истражен комитет.
„Според прелиминарните податоци, сторителот бил вооружен со два воздушни пиштоли модифицирани да користи боева муниција“, напиша на својот канал „Телеграм“ Александар Хистајн, шеф на Комитетот за информативна политика на Државната дума.