Македонија

Коронавирусот не попушта, Скопје жариште на вирусот – 16 дена по ред над 90 новозаразени

Во изминатото деноноќие регистрирани се 150 нови случаи на Ковид 19 од 1086 направени тестови. Најголем број на активни случаи има во Скопје, 1931.

Во последните 24 часа, во главнот град регистриран е најголем број на новозаразени.

„Скопје – 93, Куманово-7, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-3, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-3, Кочани-1, Кичево-8, Ресен-5, Неготино-1“.

Според општини во Скопје најмогу заразени има:

Чаир – 421, Аеродром – 147, Бутел – 137, Гази Баба – 151, Центар – 127, Карпош – 128, Сарај – 139, и Кисела Вода – 109.

Во изминатото деноноќие починале девет пациенти. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години.

Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус беше прогласен и вториот пик на епидемијата. Но министерот Филипче вчера изјави дека на есен можно е нов бран на заразени бидејќи луѓето повеќе ќе бидат во затворено и ќе почнат да работат учииштата. Ова се според него сериозни ризик фактори и може да биде сериозен предизвик за здравствениот систем, многу поголем и од првиот и од вториот бран.

„Доаѓаат есенските месеци каде што времето нема да биде убаво, ќе бидат луѓето затворени, ќе почнат да работат и школите.  Тоа се сериозни ризик фактори заедно со останатииот број на пациенти заради друга патологија. Тоа прествавува сериозен предизвик за нашиот здравствен систем“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Инаку вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни