Македонија

Кошаркарски спектакл во „Градски парк“: Македонија против Луксембург в петок!

Кошаркарски спектакл во „Градски парк“: Македонија против Луксембург в петок!

Македонската кошаркарска федерација официјално ја започна продажбата на билетите за претстојниот дуел на нашата репрезентација против селекцијата на Луксембург. Натпреварот е дел од патот кон Евробаскетот 2029 година, а влезниците веќе се достапни за јавноста преку продажната мрежа на „МКТикетс“.

Кошаркарската еуфорија се враќа во реновираната сала „Градски парк“. За овој натпревар се утврдени достапни цени за сите навивачи: билетот за централната трибина чини 200 денари, додека за трибините сместени зад кошевите цената изнесува 150 денари.

Избраниците на селекторот веќе ги финализираат подготовките во култната сала, темпирајќи ја формата за првиот предизвик. Дуелот против Луксембург е закажан за овој петок со почеток во 18 часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни