Косовската полиција доцна синоќа соопшти дека припадници на косовската полиција биле нападнати од вооружени лица во селото Србовац во општина Звечан.
Тие тврдат дека инцидентот се случил околу 23.00 часот кога полициските единици биле на редовна служба, патрола.
Полицијата тврди дека вооружени лица со долги пушки нападнале од возило Ауди со регистарски таблички КМ.
Во соопштението се наведува дека еден службеник е полесно повреден, а полициското возило е значително оштетено.
На повредениот полицаец му била укажана лекарска помош. На местото на настанот е извршена увид, објави порталот Косев.
Да потсетиме, синоќа околу 21 часот во северниот дел на Митровица почнаа да пристигнуваат припадници на косовската полиција од редовни единици, од албанска националност, со цел, како што тврдат, да го зголемат присуството во деловите каде што етнички живее мешано население. Ситуацијата е мирна, но тензична, соопштија синоќа од порталот Косев, додека во исто време мобилните и интернет мрежите функционираат тешко.