Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов апелира до граѓаните на општина Струмица да не создаваат паника доколку приметат невообичаени случувања или интервенции на терен бидејќи ќе станува збор за вежби и симулации.
„Во соработка со директорите на основните и средните училишта на територијата на општина Струмица, во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација на учениците и училишниот персонал во случај на пожар. Вежбите ќе бидат организирани со учество на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.
Овие активности се дел од нашите редовни подготовки за брзо и ефективно реагирање во случаи на непредвидени настани, и се изведуваат со цел зголемување на безбедноста на нашите ученици и вработени.
Таквите вежби во различни училишта ќе ги има еднаш неделно“, вели Костадинов.