Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска го посети првото новороденче од Струмица, кое на свет дојде на 1 јануари и му подари штедна книшка со 40 илјади денари, а на мајката Тамара Пандева од село Банско, на која ова и втора рожба, и го честиташе синчето.
– Честитки на семејството Пандеви, а бебето да е живо и здраво, да има весело и безгрижно детство и добар живот во општина Струмица, напиша Костадинов.
Инаку, на почетокот на годината во струмичката болница имаше уште едно породување на машко бебе од Гулбеас Караелмазова од валандовско Калково, која се породи во 01:10 часот, а најмладиот струмичанец дојде на свет неколку часови подоцна.
