Во рамки на учеството на регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов оствари формална средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој го пречека струмичкиот градоначалник со највисоки почести.
Како што соопштија од Општина Струмица, во текот на едночасовниот разговор двајцата градоначалници меѓусебно се запознале со реализацијата на програмите и плановите за управување со Општините и размениле искуства од тековната работа. Во таа смисла, градоначалникот Костадинов од тиранскиот градоначалник доби недвосмислена и безрезервна поддршка во работата и напорите кои ги вложува за град Струмица со конкретна иницијатива за споделување на добрите практики кои во изминатите години се реализираат во Тирана и даваат суштински резултати за граѓаните.
Официјалната средба продолжила во поширок формат со присуство на Арбјан Мазнику, заменик градоначалник на Тирана и Александар Оџаков, секретар на Општина Струмица, каде се дискутирало за конкретните планови на двете општини поврзани со актуелни теми за третман на енергијата и модели за изнаоѓање соодветни решенија