Костовски: Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1 

МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон, вели градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски во својата фејсбук објава.

„Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година.

Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили.

Општина Бутел доживува ренесансен период, се гради како никогаш до сега ! Од таму АПЕЛИРАМ, не да уништуваме, туку напротив, да го чуваме тоа што го градиме макотрпно со нашите заеднички пари.

Искрено се надевам дека позади овој случај нема политика !

Во Општина Бутел се градат две нови детски градинки, нешто што не се случило никогаш во толку кус период“, вели Костовски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното