Коциќ од СДСМ: Возачките дозволи важат до нивниот истек во рамки на нашата земја

ВМРО-ДПМНЕ со нивниот технички министер, за три дена создадоа хаос во државата, па ако постојано викаа „никогаш Северна“, сега први почнаа да ги казнуваат граѓаните со возачки дозволи.

Возачките дозволи, како и останатите документи,  ќе важат во рамките на нашата земја. Никој не смее да биде казнет за тоа.

ДПМНЕ создаваат тензии во јавноста и манипулираат со  граѓаните, а целта на техничкиот министер кој го предложија , а не го гласаа, е да се направи хаос во државата.

„Пратениците на СДСМ, предложија измени во законот и со кои ќе се продолжи  важноста на личните документи, се до истекот на нивната важност, за да нема застој во нормалното функционирање во државата. Проблемот кој го наметна техничкиот  министер на ДПМНЕ, е само за да се создаде хаос, но, граѓаните никој не може да ги казнува, особено не за легалните документи кои се во важност, се до истекот на истите.

– Возачките дозволи, сообраќајните ќе важат во рамките на нашата земја. ДПМНЕ тврди друго, само за да создаде хаос, велејќи дека со измените на законот возачките дозволи дека нема да важат и дека сите кој се издадени после 1 јули, 2022 не подлежат на овој закон. Не е ова само заплашување на граѓаните, туку со самото доаѓање, на министерот за три дена, први почнаа со имплементација и најави за казнување, рече  пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ, во утринската емисија на ТВ 24.

ДПМНЕ, како партија држеа прес-конференција  во која тврдеа дека веднаш со доаѓањето на  техничкиот министер ќе го решат проблемот  со гужвите за пасошите, но само што не го решија, сега МВР ги повлече базните станици за вадење пасоши, на кој можеше да се слика сика и без закажување.

Место во рок од 15 колку што се издаваше пасош, сега се издава пасош за многу повеќе од 15 и со тоа се крши законот за издавање на пасоши, рече пратеникот Коциќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното