Македонија

Ковачевски го пофали Рама: Тој е докажан евроатлантист и пријател на нашата земја

Ковачевски го пофали Рама: Тој е докажан евроатлантист и пријател на нашата земја
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција, по прашање околу вчерашната средба на албанскиот премиер Еди Рама и лидерите на албанските партии од Македонија, истакна дека Рама е докажан пријател на нашата држава. „Тој е докажан евроатлантист и човек кој што во секое свое излагање и работење се водел од принципот на интеграција на целиот балкански регион и Западен регион во НАТО и ЕУ. Сите негови јавни изјави се насочени кон тоа. Премиерот Рама и јас сме дел од партијата на европски социјалисти во Брисел“, Ковачевски. Ковачевски вели дека секој разговор што ваков човек го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење пријателство и добрососедство и во насока на задржување на курсот на европските интеграции го смета за позитивен и добредојден.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни