Ковачевски: Изминативе 12 месеци имавме непречено снабдување со струја и храна, немаше ценовен шок за граѓаните
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција потенцираше дека во државата изминативе 12 месеци имало непречено снабдување со електрична енергија и непречно снабдување со храна, а немало ценовен шок за граѓаните.
„Никој нема да биде оставен сам да се справува со кризата. Во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата, за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи како и за замена на ПВЦ алуминиумски прозорци. Со ваквите инвестиции со обновливите извори се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја но и да имаат заштеда во време на криза“, рече Ковачевски.
Најважно е, како што рече, да се заштити стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.
„Во изминативе 12 месеци се вложивме максимално. Донесовме навремени, таргетирани, антикризни мерки за поддршка на граѓаните и стопанството и успеавме да ја заштитиме македонската економија и животниот стандард“, додаде Ковачевски.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни