Ковачевски од Крушево: Илинденските идеи ја градат Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се обрати од Крушево на отворањето на манифестацијата научни културни средби „Десет дена Крушевска Република” и во порача дека секоја борба вреди ако има крајна цел.

„Крушевската република е идеја за автономна Македонија, антифашистичката војна е идеја за слободна Македонија. На идеите од 1903 и 1944 ја градиме Македонија и затоа решив да зборувам за идеите за просперитетна Македонија. Постигнавме членство во НАТО и зачекоривме одлучно кон нашата следна цел , членство во ЕУ со чист признаен македонски јазик. Светилникот на прогресот ни е поставен уште од Илинденците.

Илинден е и ќе биде нашата сила за европска иднина, порача премиерот Ковачевски и им го честита Илинден на пристутните со порака- Заедно да одиме во нови победи!“, рече Ковачевски во своето обраќање.

По повод големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе се обрати на централната манифестација на Мечкин Камен во Крушево.

Премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација во која се првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Со државна почест и чествување големиот национален празник Илинден се одбележува во Крушево, со положување свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република.

Централната манифестацијата на која и претходи положување на цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, започнува во 11:30 часот. На истата, свечено ќе се обрати премиерот Ковачевски.

Во рамки на централната манифестација предвидена е празнична културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена. Граѓаните на Македонија под мотото „Нашата сила за иднината“ го празнуваат големиот национален празник 2 Август – Илинден.

Во продолжение погледнете го целосното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното