Македонија

Ковачевски: Ребалансот до крајот на мај во Собранието, пресметките на расходната страна готови, се прават на приходната

Ковачевски: Ребалансот до крајот на мај во Собранието, пресметките на расходната страна готови, се прават на приходната

Ребалансот е во фаза на подготовка. Направени се калкулациите на расходната страна и сега се прават на приходната страна, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, според кого ребалансот на Буџетот ќе биде поднесен во Собранието најверојатно до крајот на тековниов месец.

– Во моментов се направени калкулациите на расходната страна, се прават на приходната страна и после тоа ќе може да биде поднесен ребалансот во Собранието, рече Ковачевски.

За мисијата на Меѓународниот моментарен фонд во земјава, Ковачевски рече дека се работи за редовна мисија.

– Тие ги гледаат перформансите на економијата, меѓутоа и подготовката на самиот ребаланс, исто како и минатата година. Министерот за финансии Бесими ги има завршено разговорите со нив, рече Ковачевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни