Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, утре, 04.02.2024 година (недела) ќе ја предводи партиската делегација на одбележување на 152 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.
Со почеток од 10.00 часот, во чест на великанот, претседателот Ковачевски ќе положи свежо цвеќе и ќе оддаде почит на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата Св.Спас во Скопје.