Македонија

Ковачки: Двојна победа! ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, a БЕСА го победи ДУИ во Тетово

Ковачки: Двојна победа! ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, a БЕСА го победи ДУИ во Тетово

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил напиша „Двојна победа!“

Според него, ВМРО-ДПМНЕ води 2:1 пред СДСМ додека пак БЕСА убедливо води пред ДУИ.

„Криминалната коалиција СДСМ – ДУИ убедливо е поразена во Тетово.

Тетовчани им кажаа НЕ на криминалците од власта. Власта е делигитимирана во Тетово. Ковачевски и Ахмети немаат легитимитет понатаму да продолжат да ја водат владата.

Ковачевски и Ахмети делегитимирани сте. Оставка од Ковачевски веднаш! Предвремени парламентарни избори час поскоро.

Резултатите од Тетово ќе се пресликаат и во цела Република Македонија“, пишува Ковачки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни