Македонија

Ковачки: Стани Оливер и прибери си ги началниците од митинзите на СДС

Ковачки: Стани Оливер и прибери си ги началниците од митинзите на СДС

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ му порача на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да стане и да си ги прибере началниците од партиските митинзи на СДСМ.

„Стани Оливер Спасовски и прибери си ги професионалците – Началници од партиските митинзи на СДС.

Во моментов началничката на Крим-Полиција во Прилеп Емилија Велкоска ти е главна на партиската трибина.

И после МВР немало резултати, кој стигне ги понижува полицајците, а криминалот цвета.

Ова ли е таа департизација што ја кажува министерот каде и да се појави?“, вели Ковачки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни