Ковид-19 влезе во старскиот дом во Битола – заразени 10 пациенти

Во одделението за згрижување на возрасни лица, Сју Рајдер во Битола позитивни на коронавирус се десетина пациенти.

Станува збор за работна единица на специјализираната болница за геријатриска и палијативна болница, 13-ти ноември од Скопје, која се наоѓа непосредно до Клиничката болница во Битола.

Од центарот за јавно здравје потврдуваат дека има позитивни случаи, но за бројката велат треба да се почека до утре, бидејќи се врши тестирање и епидемиолошки анкети.

Во старскиот дом сместени се 70-тина лица, а ова е прв случај на заразени пациенти во старски дом во Македонија.

Таму на сила се и мерки за забрана за посета од други лица од почетокот на пандемијата.

.

Извор: ТВ21