Имаше безброј операции, дури и го промени полот и сака да пресади матка, луѓето се згрозени од неговите фотографии, но тоа не го засега.
Родриго Алвеш стана глобално познат по неговите бројни пластични операции, за кои се проценува дека имало повеќе од 100. Тој бил подложен на такви зафати за да стане живиот Кен.
По големите операции дошол до нова идеја, да го промени полот и на тој начин да стане човечка Барбика. Почнал и со хормонска терапија, а потоа го сменил името во Џесика. Покрај промената на полот, тој мораше да се подложи на феминизација на лицето како и врзување на желудникот за да ослабе.
Сепак, не е ни крајот, Џесика сега сака да и биде пресадена матка за да биде првата транс жена која ќе роди дете. Во светот досега не е направена ваква успешна трансплантација. И тука сигурно нема крај на бизарното.
И покрај тоа што кожата на некои делови буквално и скапува, Џесика не се откажува од операциите. Дури и добила гангрена на кожата на носот поради тешки интервенции. Ја одбиле сите американски, бразилски, па дури и турски лекари, но не застанала тука, нашла клиника во Азербејџан која се согласила да направи уште едно дотерување.
Кожата и е мувлосана на неколку места по операцијата“, вели пријател кој бил со неа во Азербејџан. Меѓутоа, наместо да бара помош, трансродовата „Барби“ штетата ја покрива со шминка. Нејзиното семејство е очајно за се и се чувствува немоќно бидејќи е невозможно да се запре Алвеш во нејзините намери.
Фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи многумина ги сметаат за вознемирувачки бидејќи се згрозени од состојбата на нејзината кожа. Неодамна папараците ја фотографираа и покрај тоа што беше облечена од глава до пети, никој не можеше да го тргне погледот од нејзиното деформирано лице.
Сепак, Џесика воопшто не се грижи за коментарите на околината и е целосно задоволна од својот изглед, барем судејќи по коментарите што ги остава под фотографиите.
Мали се шансите да престане со опсесијата со операции, а сите лузни и деформитети ги средува со помош на филтри и разни програми за уредување фотографии.
