По третпат, се протестираше против поскапувањето на електричната енергија. За разлика од претходните протести, овојпат демонстрантите излегоа на улица токму во сообјаќајниот шпиц од од 14 до 16 , и и порачаа на Владата што поскоро да го прифати нивното барање.
-Нема да запреме сѐ додека не се исполнат барањата на граѓаните. Поради тоа, од овој мирен протест, блокирајќи две крстосници во Скопје, ѝ испраќаме порака на Владата – што поскоро да ги прифати барањата на граѓаните, бидејќи во спротивно ќе следи блокирање на повеќе раскрсници, а за тој хаос во градот одговорна ќе биде Владата“, рече Бехар Шаќири.
Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации, рече дека РКЕ не смее да носи вакви одлука без дебата, преку ноќ, без Влада, без Собрание, токму во оваа корона-криза, кога најголемата загуба ја претрпел џебот на граѓаните.
Освен во Скопје, протести се одржуваат и во седум други градови – Тетово, Струга, Гостивар, Куманово, Кичево, Прилеп и Битола. Демонстрантите планираат следната недела во Скопје да блокираат четири крстосници на четири часа. Нивните барања се Регулаторната комисија за енергетика да ја повлече одлуката за поскапување на струјата за 7,4% и да ја намали цената на електричната енергија за 46% за домаќинствата, да се либерализира пазарот на енергија во земјата, како и да се укине монополот на една компанија кон дистрибутерите, отворајќи го патот и за другите оператори.
.
