Израелската војска соопшти дека започнала серија напади во јужниот дел на Појасот Газа како одговор на, како што се наведува, грубото кршење на договорот за прекин на огнот што се случи денеска.
„Како одговор на грубото кршење на договорот за прекин на огнот претходно денеска, Израелските одбранбени сили започнаа серија удари врз терористички цели на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа“, се наведува во соопштението на израелската војска.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно денеска им нареди на вооружените сили да преземат решителни мерки против екстремистите во Газа по инцидентот со пукање во јужниот дел на енклавата.