„Kraljicu trotoara“ требало да ја пее друг пејач – Миле Китиќ ја откри тајната за неговиот најголем хит!

Пејачот познат по своите народни песни мислеше дека неговата песна „Kraljica trotoara“ е повеќе поп, па на почетокот не ја сакаше.

„Кога излегов од Јужниот ветер, Бог ме погледна. Одам кај мојот пријател Стевица Симеуновиќ, тој свири гитара, таму беше мојата сопруга Марта. Ми рече дека песната не е за мене, дека е за Балашевиќ, тој да ја испее бидејќи повеќе е поп. Мене ми се допадна, ја снимав кај Кемиш и Бог ми ја испрати таа песна. Стевица ми рече дека песната ја чувал 7 години“ – рече Миле Китиќ, а Селма откри дека ја слушнала пред Миле и дека знае дека ќе биде голем хит.