Денеска Британскиот крал Чарлс Трети испрати велигденска порака во која посочи дека на светот се уште му требаат „вера, надеж и љубов“, нагласувајќи дека „најголемата од нив е љубовта“.
Кралот во својата порака изјавил дека „една од мистериите на човековата природа е способноста за голема суровост, но и за голема добрина“, додавајќи дека овој парадокс се гледа во велигденската приказна, како и во секојдневните сцени на „човечкото страдање и херојство низ светот“, пишува Скај Њус.
„Вечната порака на Велигден е дека Бог толку многу го засака светот што го испрати својот Син да живее меѓу нас, да не научи како да се сакаме еден со друг и да го полагаме својот живот за другите во љубов посилна од смртта“, рече кралот.
СЛЕДЕТЕ НЕ: