„Кралот од Центар Жупа“ Амедовски со нокаут за 12 секунди

Ален Амедовски, од Македонија забележа рекорден нокаут во ММА борбите. Тој по само 12 секунди го нокаутираше Ибрахим Мане во рамките од мечет од Белатор шампионатот одржан синоќа во Џенова, Италија.

Амедовски кој се натпреварува во средно тешка категорија стигна до скор од 8 победи и ниту еден пораз. Амедовски потекнува од Македонија, поточно од Центар Жупа, а веќе подолго  временски период со семејството живее и работи во Италија.

Популарно го нарекуваат „Тигарот од Македонија“ и „Кралот од Центар Жупа“.

Извор: ТВ21