Во текот на празничните денови, домот на пратеникот Фатмир Битиќи во скопската населба Бутел бил мета на кражба од страна на засега непознати сторители.
Синоќа на 21 април во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б. (49) од Скопје пријавил дека во периодот од 7.30 часот на 18 април до 3 часот на 21 април со употреба на сила и погоден алат е влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и се одземени пари и други предмети.
Тој во изјава за ТВ24 потврди дека имало кражба.
„Се случи околу 3 часот наутро. Кражбата траела од 3 и пол до 4 минути. Дома имам поставено и аларм и видео надзор. Регистрирани се три лица, двете влегуваат во куќата а едното чува стража пред врата. Одземен ни е метален сеф кој беше вграден. Буквално го откорнале. Во сефот имаше пари, но и накит кој имаше сентиментално семејно значење за нас. По упадот, по околу 6 минути дошла и агенцијата за обезбедување со кој е поврзан нашиот систем за аларм“, изјави Битиќи за ТВ24.
Тој смета дека ова има политичка порака.