Кражба е пријавена во верски објект во тетовско, откако непознати сторители провалиле во џамија и одзеле пари од касата со прилози.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера околу 15:30 часот во Полициското одделение Теарце. Според пријавата, кражбата се случила во периодот од 12:00 до 15:00 часот во џамијата во селото Слатино.
Сторителите со употреба на сила и тврд предмет ја отвориле касата во која се собирале доброволни прилози и одзеле парични средства.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Тетово, а надлежните преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
