Кремаст колач со вишни

Овој колач задолжително треба да се проба …

Потребно е:
за бисквитното тесто:

5 јајца
200 гр шеќер
1 кисела павлака
100 гр маргарин
1 прашок за пециво
10 лажици брашно
1 тегла компот од вишни

за жолтиот крем:

750 гр свежо сирење
5 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
1 желатин во прав
1 л слатка павлака за шлаг

за преливот:

400 мл сок од вишни
4 лажици шеќер
2 кесички црвен прелив за торта

Подготовка:
– Изматете ги белките во густ шлаг.

– Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот.

– Додадете ги киселата павлака, растопениот маргарин, брашното и прашокот за пециво. Убаво измешајте.

– На крај додадете ги и изматените белки и полека измешајте со дрвена лажица.

– Смесата сипете ја во тава (25х35 см) која претходно сте ја намастиле со масло и посипале со малку брашно.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10 минути. Извадете ја тавата надвор и зголемете ја температурата на 200 степени.

– На полупеченото тесто распоредете ги исцедените вишни од компотот и вратете ја во рерна да се допече уште 15-на минути. Извадете ја тавата од рерна и оставете убаво да се излади бисквитното тесто.

– За тоа време преминете на изработка на кремот од сирење. Подгответе го желатинот според упатството на кесичката.

– Измешајте ги сирењето, шеќерот и ванилиниот шеќер.

– Садот со желатинот ставете го на рингла и на тивко оставете да се растопи. Потоа додадете го во смесата со сирење и измешајте.

– На крај додадете ја и изматената слатка павлака и убаво измешајте.

– Оваа смеса премачкајте ја рамномерно над бисквитното тесто.

– Преминете на подготовка на црвениот прелив. За сокот од вишни искористете го сокот од компотот и додадете вода за да дојдете до 400 мл. Во тоа додадете го шеќерот и разматениот прелив и ставете да се вари. Уште врел прелијте го над колачот во тавата и израмнете.

– Пред да го послужите оставете го колачот убаво да се излади.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното