Свет

Кремљ: Се подготвува средба меѓу Путин и Ердоган

Кремљ: Се подготвува средба меѓу Путин и Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин во четврток во главниот град на Казахстан Астана ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Ердоган. Ова го соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, постои можност двајцата лидери да разговараат за предлогот на Турција да биде домаќин на мировните преговори меѓу Украина и Русија, пренесува Ројтерс.

По експлозијата на мостот на Крим, Русија ги зголеми ракетните напади врз украинските градови, предизвикувајќи уништување во станбени области. Од своја страна, Москва тврди дека биле погодени воени и енергетски цели.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни