По локалните избори, крилото на поделената Алијанса за Албанците, предводено од Зијадин Села, ја напушти коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), која е предводена од ДУИ.
Другото крило на Алијансата, предводено од Арбен Таравари, останува дел од коалицијата.
На повтореното гласање за локалните избори во Општина Гостивар, кандидат за градоначалник на коалицијата ќе биде актуелниот вршител на должноста градоначалник, Валбон Лимани, кој е дел од крилото на Таравари.
Во првиот круг, Лимани беше во водство, но поради недостиг на цензус, изборите ќе се повторуваат во јануари.