На 37 години, Кристијано Роналдо продолжува да импресионира со својата кондиција. Сепак, петкратниот освојувач на „Златната топка“ не се потпира само на своите природни способности во потрага по вечна младост.
И додека неговата совршена мускулатура се должи на строгата диета, интензивните тренинзи и прекрасната генетика, Португалецот се повеќе прибегнува кон достигнувањата на естетската хирургија.
Неговиот најголем сојузник е ботоксот. Неговото лице во последните години претрпе неколку зафати, но според шпанските медиуми тоа не е единствениот дел од неговото тело што доби доза од препаратот.
Ла Разон тврди дека Роналдо инјектирал ботокс во интимните делови, поточно во пенисот. Целта е да се зголеми дебелината на органот, а според експертите очекуваниот резултат е меѓу еден и три сантиметри.
Ефектот трае до 2 години и е реверзибилен. Интервенцијата не бара конци. Но, резултатите не се загарантирани.
Кристијано има долгогодишна партнерка – Џорџина Родригез.
