Кривичен ги амнестираше и Бетмен, Дамовски и Јовановски

Попладнево Кривичниот суд на Република Македонија ги амнестираше водачите на протестите „За заедничка Македонија“ кои на 27 април ја повикаа толпата за упад во Собранието.

Против нив се водеше судски процес за теророристичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Се вчитува...

Во случајот под името „27 април“ вкупно за терористичко загрозување се товареа 33 лица, од кои во текот на вчерашниот и денешниот ден амнестирани се 13 лица.

Вчера беа амнестирани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, како и социјалистот Љупчо Димовски

Извор: ТВ21